Пелистер загуби од Металург

0
996
Ракометарите на Металург ја постигнаа втората победа во ракометниот плеј оф откако вечерва како гости го совладаа Пелистер во Битола во дербито од второто коло. Металург победи со 31:27, а Пелистер имаше водство од 16:15 на полувремето. Најефикасен на дуелот беше Немања Обрадовиќ од Металург, кој постигна 10 голa, додека кај Пелистер најпрецизен беше Васко Димитровски со 8 голови.
 
Домаќинот Пелистер имаше водство во текот на првото полувреме, а Металург само во неколку наврати успеа да изедначи. Гостите првото водство го имаа во 45. минута кога поведоа со 22:21. Во последните десет минути Металург поведе и со четири разлика (29:25).
Ова е прв натпревар кој се одигра во реновираната спорска сала Младост во Битола.