Пелистер загуби од Скопје и Првата лига е се подалечна

0
725

Македонија Ѓорче Петров и Победа одиграа тврд натпревар во населбата Ѓорче Петров и нивниот меч од 16 коло на ПМФЛ заврши без голови. „Лавовите“ ги имаа позрелите шанси, но делуваа збркано и не го најдоа патот до противничката мрежа. Пелистер во Кичево беше домаќин против Скопје и неочекувано го претрпе вториот домашен пораз во сезоната (0:2). Дарио Десниќ во 11 минута ги шокираше домаќините и погоди за 0:1. Милорад Смоковски во судиското надополнување го постигна и вториот гол. Тетекс на Горазд Михајлов во Гевгелија го совлада тимот на Кожув Миравци со 0:1 со голот на Димитар Иванов во 12 минута. Гостивар ја потврди одличната стратегија во зимскиот преоден рок и по победата над Победа, денес пред своите гледачи води против новиот второлигаш Љубанци со 3:2. Првиот гол го постигна Белули во 3 минута, а бившиот фудбалер на Брегалница од Штип, Славче Велковски ги постави финалните 2:0 со гол во 49. минута. Раденко Бојовиќ намали на 2:1 во 51 минута, а Фидановски неколку минути подоцна израмни на 2:2. Ново водство на Гостивар му донесе Билал Велија во 70 минута. Лога во 87 минута ги постави финалните 4:2. Влазерими пред своите гледачи славеше против Еуромилк со 2:0 со головите на Зеќири во 10 минута и Куштрим Балажи во 62 минута. Тетекс и Скопје најмногу профитираа од второто пролетно коло и сега во голема зрбка е врвот на табелата, каде 5-6 екипи се борат за само две места кои носат сигура промоција во ПМФЛ и едно место кое води во баражот. „Штофарите“ се нови лидери на табелата во ВМФЛ. Пелистер останува четврт со шест бода доцнење зад лидерот. Во наредното коло пак како домаќин во Кичево игра против Македонија Ѓ.П.

Без коментари

LEAVE A REPLY