Пелистер загуби од Вардар, а судиите добија снежни топки

0
651

Вардар го совлада Пелистер 1- 0 среде Битола.Вардарци подобро го отворија натпреварот и по една домашна грешка на средината на теренот, Балотели го најде Хуан Филипе, а овој со дијагонала по земја го совлада Пашовски по седум натпревари и на Вардар му донесе водство (0-1).

По 12 минути игра една снежна топка долета од гледалиштето на големата трибина во Битола и го погоди помошникот судија Костадинов во главата, па Ставрев го прекина натпреварот.

Делителот на правдата побара да се испразни половина трибина за мечот да не се прекине, па по половина час преместување, „вечното дерби“ пак продолжи. Пелистер беше поконкретен и посвеж по враќањето на тешкиот терен.

Гачевски во 21. минута ја расчисти мешаницата пред неговиот гол по корнерот на Фернандо. По половина час игра најзрелата шанса ја имаше Трифуновски, кој биеше од 30 метри, но неговиот удар со врвот на прстите Гачевски го исфрли во корнер. По изедначениот прв дел, Вардар беше поумешен и отиде на одмор со водство од 0-1.