Пелистер загуби во „вечното дерби“, судијата Ставрев главен актер

0
582

Вардар го совлада Пелистер со 1-0 во големото дерби на македонскиот фудбал, кое овојпат беше „зачинето“ и со прославата на навивачката група „Комити“ на два јубилеи – 30 години навивачка група и 70 години од основањето на нивниот омилен клуб.

Победничкиот гол за „црвено-црните“ го постави Висар Муслиу, кој од 3-4 метри со глава го совлада Јовановски, по нафрлената топка од Фелипе. Вардар имаше одлична шанса и во финишот на натпреварот, кога во 80. минута, Јовановски го брани ударот на Блажевски, а потоа истиот играч ја погоди пречката на гостите.

Во 83. минута, гостите постигнаа гол преку Матеј Цветановски, кој доби атрактивна асистенција со пета, но тој беше поништен поради офсајд, кој беше крајно дискутабилен.

Без коментари