Пелистерци заглавија на аеродромот во Љубљана

0
1125

Фудбалерите на Пелистер на пат за Полска заглавија на аеродромот во Љубљана. Утрово во 7:40 требаше да летаат за Варшава, но летот беше одложен за два часа, а потоа и дефинитивно откажан, заради технички проблеми.

Нивната крајна дестинација е Познањ Полска, каде треба да го одиграат натпреварот од првото квалификационо коло на Лига Европа против Лех Познањ.
Натпреварот се игра в четврток во 20.45 часот.