Пенс ја пофали Црна Гора

0
296

Американскиот потпретседател Мајк Пенс ги пофали црногорските лидери за застанувањето против „рускиот притисок“. Потпретседателот Пенс престојува во Подгорица на последната станица од неговата европска турнеја со цел да ја истакне американската поддршка за сојузниците во регионот. Пред Црна Гора која е најнова членка на НАТО, Пенс престојуваше во Грузија и Естонија. На вечерата со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ тој изјави дека неговата посета на Црна Гора е „доказ на фактот оти Америка нема мали сојузници, туку само силни сојузници“. „Вашата храброст особено во услови на рускиот притисок го инспирира светот и јас го поздравувам тоа“, изјави потпретседателот Пенс.

Без коментари