Пентагон нарачува 100 бомбардери на иднината, еден ќе чини 564 милиони долари

0
969

Компанијата Нортроп Груман го доби договорот за развој и производство на новата генерација американски стратегиски бомбардери, јавува Вашингтон пост.

Бил Ла Плант, помошник-секретар на американското воено воздухопловство на новинарите им кажа дека цената на набавката на ваков ултрасовремен авион чини 564 милиони долари, а се планира да се нарачаат 100. „Авионите ќе бидат толку напредни и надмоќни, што не верувам дека некогаш ќе бидат употребени. Самото нивно постоење ќе биде доволно да ги преплаши нашите непријатели“, изјави Ла Плант.

Американскиот министер за одбрана Еш Картер истакна дека ова е стратегиско вложување во следните 50 години и додаде дека набавката на големите бомбардери „ја покажува предноста на САД и сојузниците над потенцијалните непријатели“.

Новите бомбардери треба да ја почнат замената на застарените авиони Б-52 и Б-1.