Пентагон подготвува нови планови за војна со Русија

0
223

Првпат по распадот на Советскиот Сојуз, американското министерство за одбрана почна да ги разгледува и да ги ажурира вонредните планови за оружен конфликт со Русија, вели ФП и додава дека висок безбедносен извор рекол за американските медиуми дека оваа процена ја поттикнале руските дејства.

„Со оглед на безбедносната средина, со оглед на активностите на Русија, стана јасно дека ние треба да ги ажурираме плановите што ги имаме како одговор на секоја потенцијална агресија против кој било сојузник во НАТО“, рекол изворот, кој е запознаен со планот.