Пензијата се зголемува за 621 денар

0
366

На петти октомври годинава ќе биде исплатена септемвриската пензија која е зголемена за 621 денар за секој пензионер. Од следната година предвидено е за уште пет проценти да биде зголемена социјалната и постојаната парична помош.

Ова го соопштија министрите за финансии и за труд и социјална политика Зоран Ставрески и Диме Спасов. Зголемувањето на пензиите и на социјалната помош е целосно буџетирано за 2016 година. Средствата за овие зголемувања се обезбедени и ќе бидат на време исплатени. За зголемување на социјалната помош во буџетот за 2016 година обезбедени се 28,2 милиониденари. За зголемување на постојаната парична помош обезбедени се 8,7 милиони денари.