Пеп ќе дебитира за Сити во Минхен

0
423

Новиот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ќе дебитира на чело на тимот во пријателски натпревар против својот довчерашен тим, Баерн Минхен. Ова ќе се случи на 20 јули на стадионот “Алијанц Арена”, каде Гвардиола помина три сезони.

Пет дена по проверката во Минхен, Шпанецот и неговиот нов тим се соочат со Манчестер Јунајтед на Жозе Мурињо во Пекинг. Минатата недела “граѓаните” успеаја да го зарадуваат Гвардиола со првиот летен трансфер, обезбедувајќи го потписот на фудбалерот на Борусија (Д), Илка Гундоган.

Засега во Сити се уштемолчат околу останатите нови имиња, но јасно е дека Гвардиола нема да остане само на едно засилување во летниот трансфер период.