Пеперминт настапија во Бар чаршија

0
624

Пеперминт е македонска рок група оформена во 1999 година во Скопје од Горан Трифуновски. Членови на овој рокерски бенд се Горан Трифуновски – вокал и гитара, Дарко Велевски – бас гитара, Петар Доневски Боззо – тапани, Ана Трифуновски – вокал . Во Битола гостуваа во Бар Чаршија. Најпозната нивна песна е нивниот сингл „Девојката со точакот“ во комбинација со оригиналниот спот, но тука се и Ама ако, ти ми се свиѓаш, ќерката на наставникот и многу други.
Последниот период ги промовираа Супер ден- уште една песна за љубовта како што велат самите членови, тука е и песната Сошиен.

Пеперминт имаат настапувано на многу настани и свирки, вклучувајќи и unplugged концерт на МТВ.
Повеќе од разговорот со Пеперминт во видеото во продолжение.