Пергамент на староеврејски чува битолскиот Архив

0
1035

arhiv 14 2

Државниот Архив како институција тргна по стапките на другите, односно организираше Отворени денови ширум републикава, секаде каде има свои одделенија. Битолскио Државен архив бил доста посетен и покрај летните одмори и избраниот ден во викенд. Од таму велат дека граѓаните се интересираат и се љубопитни, да ѕирнат во документите кои овој Архив ги чува.

 

aco kimovski 14

Ацо Кимовски раководител на битолското одделение на Државниот Архив, вели дека покрај изложените документи тие им овозможиле на посетителите да си набават ретки книги на попуст.

Интересно за оваа установа во Битола, е тоа што најстариот документ кој го поседува Архивот е од 13 век.

Кимовски вели дека станува збор за пергамент на староеврејски од 13 век кој ете за жал, вели Кимовски, досега не се има најдено никој да го преведи.

arhiv 14

Праксата на отворени денови, Архивот ќе ја продолжи и во наредниве години, со цел да им овозможи на граѓаните да бидат поблиску до оваа институција.