Перспективата за членство во ЕУ и НАТО е важна за земјите од ЈИЕ

0
332

Перспективата за членството во ЕУ и НАТО е важна за земјите од југоисточна Европа поради тоа што ги мотивира на спроведување на реформи и ги чува мирот и безбедноста, изјавил во средата словенечкиот претседател Борут Пахор по средбата со американскиот потпретседател Џозеф Бајден на маргините на самитот на земјите од ЈИЕ.

 На самитот во Загреб учествуваат шефовите на државите на земјите од поранешна СФРЈ и Албанија, со присуство на американскиот потпретседател, потоа претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и австрискиот претседател Хајнц Фишер.

Пахор истакнал дека целта на самитот во Загреб е пред се поддршка за европската перспектива на државите во регионот и перспективата за членство во НАТО кај оние земји кои тоа го посакуваат, односно вратите да останат отворени за сите кои сакаат да се придружат.

„Тоа ја одржува желбата во државите за спроведување на реформи“, рекол Пахор и додал дека со тоа исто така во регионот се одржуваат состојбите на мир и стабилност.

Пахор исто така изјавил дека со Бајден разговарале за бегалската криза и за тоа како да се смали бројот на бегалците, потоа исто така „како да се делува заеднички за да се спречи хуманитарен проблем“./крај/мф/бс