Перспективни млади музичари-Мазно ама не е

0
257

Со долготраен аплауз и воодушевувачки импресии од битолчани и љубителите на „нивниот“т.н урбан звук, беа поздравени членовите на бендот „Мазно ама не е“ на крајот од вечерниот концерт кој се одржа на летната сцена на Тумбе кафе.
„Мазно ама не е“, е бенд во кој членуваат млади, инспиративни, талентирани деца во кои живее нескротлива желба за претворање на енергијата во музика.
Мазно ама не е го сочинуваат Виктор Јовевски, Исаја Карадаковска, Мартин Петковски, Теодора Шаклевска.
– Бендот е создаденпо пат на природна еволуција од средношколските гимназиски клупи за потребите на еден новогодишен концерт-истакнуваат членовите на Мазно ама не е.
Нивната заедничка љубов за музиката претставува крстопат на разлики каде се спојуваат панкот, рок музката и Нирвана.
Минатата година дебитираа со албумот Фкрај а во моментов работат на вториот албум.