Од Рим до Ерусалим преку Битола – пеш за мирот

0
642

Пол Хејнс од Англија на почетокот на август го започна својот подвиг, кој го нарече „пешачење за мир од Рим до Ерусалим“. Како што вели тој опишувајќи го патешествието, ќе посети земји каде порано имало воени конфликти, каде сега владеее мирот, но под чија површина стојат длабоки рани. Со себе носи книга во која луѓето можат да остават своја порака за мирот, а тоа можат да го направат и на неговата веб страница.POL KNIGA

-Ги замолувам луѓето да остават пораки за мир. Има многу пораки напишани на веб страната, а и секако денес е специјален ден, вели Пол Хејнс.

Но она што е најинтересно, тоа што Пол е во Битола на Светскиот ден на мирот и токму за време на манифестацијата на Магнолија е сосема случајно.

-Коинциденција. Не го планирав ова, ова е чиста случајност, вели тој.

Што е она што сака да го постигне со ова?

-Се надевам дека, како што и ми пишуваат луѓето во книгата во пораките за мир, правиме една работа која може да поттикне повеќе случувања. Со одењето од Рим до Ерусалим, досега бев на телевизија во Италија, Хрватска, Босна, сега Македонија, ќе продолжам Грција, Турција, се надевам дека сето ова ќе направи разлика. Одам по патот на Виа Игнација, почнав од Драч, а Битола е многу важен дел од Виа Игнација, вели тој.POL

На Светскиот ден на мирот ја даде и својата порака.

-Мојата порака е дека навистина треба повеќе мир, да се зборува повеќе за мир, а не за војна и како што велат многумина, мирот доаѓа од внатре. И тогаш кога се зборува со други луѓе, тоа се шири од еден на друг, вели Хејнс.

Од Македонија заминува за Грција, па потоа до Истанбул, а преку Кипар до Ерусалим, каде се надева дека ќе пристигне во декември.POL 2

Без коментари

LEAVE A REPLY