Пет годишно дете повредено во сообраќајка

0
934

На 05.08.2016 година околу 10,10 часот на крстосница од патот Ѓавато-Тополчани случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Тојота Аурис“ со скопски регистерски ознаки управувано од В.В.(40) од Скопје и ПМВ„Фолксваген Пасат“ скопски регистерски ознаки управувано од Д.А. (37) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди (скршеница на лева надлактица) се здобил сопатник од ПМВ„Фолксгавен  Пасат“ на возраст од пет години по што во КБ-Битола укажана му била лекарска помош, а потоа  пуштен на домашно лекување, соопшти МВР.