Пет годишно дете во животна опасност по пожар во Битола

0
883

На 25.04.2016 година околу 16.00 часот во Битола ул.„Мукос“ во куќа, во една од собите од непознати причини настанал пожар, во кој со тешки телесни повреди се стекнало петгодишно дете во пределот на рацете, нозете и лицето и истото е во животна опасност. По укажаната медицинска помош во Клиничката болница во Битола ќе биде префрлено во Ургентен центар -Скопје, додека со телесни повреди се здобиле Б.Ј.(32) и двегодишно дете. Пожарот е изгаснат од страна на ТППЕ-Битола.