Пет нови кривични пријави против тимот на Јанева

0
407

Нови пет кривични пријави се поднесени во Основното јавно обвинителство против тимот на Јанева. Пријавите се поднесени од различни физички лица, а се однесуваат за кривично дело – Малтретирање во вршење на службата од член 143 од Кривичниот законик.

Три од кривичните пријави се против неколку непознати лица во Специјалното обвинителство, додека две се против двајца обвинители со конкретни имиња. Сепак, од Основното јавно обвинителство не откриваат детали за кои обвинителите точно се пријавите, ниту кој ги поднел.

Досега бројот на кривични пријави поднесено против Обвинителството на Јанева изнесува вкупно седум. Од СЈО велат дека неделава Јанева ќе одржи прес-конференција на која ќе се произнесе детално во однос на овие прашања.