Пет повредени во сообраќајка кај Росоман

0
758

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа којашто вечерва се случила кај бензинската станица на патот од Росоман кон Градско, потврдија од Службата за итна медицинска помош при Здравствениот дом од Кавадарци.

Како што информираа оттаму, тројва потешко повредени патници се однесени во болницата во Велес, а двајца со полесни повреди во општата болница во Кавадарци

– Во сообраќајната несреќа учествувале две возила од кои едното од Росоман, а другото од селото Паликура. Интервениравме со медицински персонал и две наши возила, наведуваат од Службата за итна медицинска помош.