Пет жртви од невремето во тетовско

0
531

Пет жртви, од кои три возрасни лица и две деца, го загубија животот во силното невреме кое го зафати Тетово и околните села, според извори од Клиничкиот Центар Тетово.

Оттаму и информацијата за 13 повредени лица, од кои едно потешко.

11825589_10204674163400008_7280800464031894406_n-540x320

Од Секторот за внатрешни работи Тетово потврдуваат за загинато малолетно машко дете од Голема Речица чиј идентитет се уште не е утврден, како и 14-годишно девојче од тетовска Шипковица.

Според информациите од СВР Тетово, идентитетот на девојчето веќе е потврден.

tetovo-4_thumb_medium500_375_1Пријавени се голем број на одрони и свлечишта, а според првичните информации има загинати и од струјни удари. Најкритична е ситуацијата во Голема Речица од каде што е и официјално првата потврдената жртва.

Точната бројка на загинати и повредени ќе се утврди во текот на утрешниот ден.

Во попладневните часови Тетово и околните села беа погодени од силно невреме кое предизвика хаос во сообраќајот во градот и големи материјални штети. Градот е прекриен со отпад, кал и откорнати дрвја.

timthumb (33)

Полицијата го регулира сообраќајот, но градот е се уште во хаос иако реката е веќе повлечена.

Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи ги посети критичните места како Голема Речица. Таа изјави дека ситуацијата е сериозна, но општината е подготвена да се справи со настанатиот хаос.

Целокупната механизација со која располага општината е веќе не терен. Градоначалничката истакна дека утре Советот на општината ќе свика седница за дополнителен договор за справување со настаната ситуација. Таа испрати апел до граѓаните да не креваат паника, бидејќи ситуацијата е под контрола.

Без коментари

LEAVE A REPLY