Петар Наумоски: „Пресудна победа за нас, сега ја бркаме наредната„

0
419

Претседателот на КФМ, Петар Наумоски беше горд на кошаркарите и стручниот штаб по првата победа на Евробаскетот во Хрватска и истакна дека црвено-жолтите се на чекор, можеби на само една победа до пласман во осмифиналето во Лил. „Овој натпревар беше пресуден како за нас, но така и за нив. За среќа се случи она што ние го планиравме и посакувавме, но за жал не беше победа како што планиравме меѓу 12 и 14 разлика. Верувам дека самодовербата која што ја добија нашите играчи во дуелот против Грција, низ кој се носеа во најголемиот дел со противникот, беше важен фактор за денешната игра. Пред заминувањето во Загреб реков се надевам на една до две победи, но секако тоа не беше кажано со цел да го анулирам оптимизмот, тукуна оној што се разбира во спортот знае дека тоа е мотив плус кај играчите, затоа што притисок е кај нив е нешто помал. На секој натпревар, во кој што нашиот противник е рамноправен, треба да бараме победа, а не да гледаме да изгубиме со што е можно помалку разлика” истакна Наумоски. Тој како репрезентативец не успеа да ја дочека Македонија во нокаут-фазата на едно Европско првенство, а сега како прв човек на мак-кошарката се наоѓа пред првиот голем успех и место на нашата земја меѓу 16 најдобри и теоретски сеуште со надеж за Олимписки квалификации.