Петар Наумовски: „Се над две победи, за нас ќе биде еднакво на медал„

0
397

Македонската кошаркарска репрезентација е подготвена за настап на Европското првенство, кое првпат во историјата ќе се одржува во четири држави. Шестото учество на континенталните првенства македонските кошаркари ќе го стартуваат во Ц групата, во Загреб. „Очекувањата на Федерацијата од ова ЕП се, пред сѐ, афирмација на младите играчи кои во наредните квалификации ќе започнат да покажуваат вистински резултати. Сите сме свесни дека оваа селекција и овие играчи, односно поголем дел од нив, немаат никакво искуство на ЕП-а. Верувам дека младоста и искуствот ќе се сплотат на вистински начин, а успех ќе биде доколку победиме на еден или два натпревара, сѐ повеќе од тоа сметам дека ќе биде како да сме освоиле медал“ рече првиот човек на Кошаркарската федерација на Македонија, Петар Наумовски. „Секоја победа на оваа репрезентација ќе биде успех, доколку победиме на две среби и се пласираме во следната фаза, тоа ќе биде фантастичен резултат. Сепак, нема да ни биде лесно, ги знаеме противниците и знаеме во какви состави ќе играат. Нашата шанса е мечот од второто коло со Холандија, тука треба да одиграме максимално за да победиме, а потоа да почекаме да ни се ‘отворат картите’ за пласман во наредната рунда. Според мене, мечот со Холандија е клучен за натамошниот тек на ЕП. Ние ќе сториме сѐ за да ја победиме Холандија“ рече селекторот Србиновски.