Петмина убиени и петмина ранети во престрелка во Кина

0
144

Пет луѓе, од кои двајца полицајци се убиени, а други петмина се ранети во вооружен инцидент во северната кинеска покраина Хеби, објавија во вторникот локалните медиуми.

Инцидентот се случил во село во округот Сунинг каде што 40-годишен напаѓач со параноична шизофренија, отворил оган од пушка врз локалните земјоделци притоа убивајќи најмалку две лица. Мотивот за инцидентот сé уште не е познат.

Според официјалната новинска агенција Синхуа, напаѓачот Лиу Шуангруи, кој е меѓу убиените, ги убил своите соседи пред да пристигне полицијата. Двајца полициајци, од кои еден политички комесар на полицијата во округот, се застрелани пред Лиу да биде убиен.

Масовните убиства во Кина се реткост, поради строгата контрола и законските одредби за приватно поседување огнено оружје. Еден од таквите напади беше оној од декември 2014 година, кога вработен во банка застрела четири колеги, од кои двајца смртно, во североисточната покраина Лијаонинг.