Петровска: Ќе изградиме спортски комплекс

0
1323

-Сум имала прилика во мојот живот да се радувам на освоен медал, знам што значи радоста кога ќе ви го стават медалот на градите, знам дека многу битолчани ја имале во минатото таа радост. Токму затоа ценам дека мултифункционалниот спортски комплекс за кој се обврзавме е еден од суштинските кој што мораме и ќе го реализираме. Тој е комплекс кој што треба да ги врати спортовите во Битола како што се пинг понгот, куглањето, боксот, гимнастиката, атлетиката. Спортови кои што живееја во Битола.

Битолчани, младите мора да имаат палета за избор на спортови како би се пронашле во еден од нив. Само така можеме да градиме здрави генерации, само така може да имаме здрава младина. Тоа е обврска на локалната самоуправа што ја презедовме и ќе ја реалзираме, изјави Наташа Петровска, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата.

Без коментари