Петровска на местото на Бошевска во библиотеката во Битола

0
3824

Со решение на министерот за култура, Лили Бошевска е разрешена од функцијата директор на националната установа Универзитетска библиотека Св.Климент Охридски Битола. На нејзино место е поставена Јелена Петровска како вршител на должност директор на библиотеката. Петровска ни ја потврди промената во библиотеката. Таа е магистер по образовен менаџмент, а на оваа функциоја доаѓа од редот на вработените, како библиотекар советник. Инаку Петровска беше директорка на библиотеката во периодтот од 2001 до 2006 година.

Без коментари