Петровска во посета на старата индустриска зона во Битола

0
649

– Се наоѓаме во така наречената стара индустриска зона во Битола. Денес имав прилика да се сретнам со низа стопанственици кои што во очајни околности функционирале во изминатиот период. Велам очајни затоа што влијаеле на развојот на нивниот бизнис и на можноста да го прошират бизнисот, да ги прошират своите сектори на функционирање и на тој начин да вработат што е можно повеќе битолчани. Се поставува прашањето зошто. Затоа што претходната локална самоуправа предводена од ДМПНЕ очигледно имала двоен аршин за тоа кој инвестира, каде инвестира. Тоа во следниот период мора да се промени. Значи има тука околу 50 правни стопански субјекти со голема бројка на вработени на кои што ако им обезбедиме, а тоа ќе го направиме како идна одговорна и чесна локална самоуправа, нормални услови, решавање на урбанистичкиот план, на инфраструктурните проблеми тогаш ова дефинитивно ќе биде простор кој што ќе биде многу пооплеменет, кој ќе отвори простор за нормално функционирање на стопанствениците тука, кој ќе отвори можности за многу вработувања на наши, особено млади сограѓани. Притоа сакам да напоменам дека тоа не значи запоставување на индустриската зона која што тие ја отворија и за која лиферуваат низа шпекулации во изминатиот период. Она што сакам да го нагласам е дека за нас нема да биде важна локацијата и нема да биде важен кој е инвеститорот. Се додека тоа е во согласност со стандардите и се додека тоа значи вработување на наши сограѓани и секако додека значи развој на општина Битола. Тие наши намери заедно со носителот на советничката листа им ги ветивме денес на нашата средба и тоа е нешто што ќе го реализираме. Но за тоа, драги битолчани, потребно е на 15-ти Октомври масовно да покажеме дека животот во Битола доаѓа за сите, изјави Наташа Петровска кандидат за градоначалник

Без коментари