Петровска во посета на Старските домови во Битола

0
869

За време на посетата на нашите возрасни сограѓани бевме информирани за условите во кои работаат двата старски дома, како и за нивните потреби, истакна Петровска.

– Сите наши сограѓани заслужуваат достоинствен живот и во своите т.н. денови од староста. Како идна локална самоуправа ќе направиме повеќе, ќе ги зголемиме капацитетите за згрижување на стари лица, стимулирање на приватници кои што сакаат да инвестираат во зголемување на капацитетите за сместување, поттикнување на јавното-приватно партнерство, вработување нови стручни кадри потребни за овие институции, активирање на млади лица кои по пат на волонтеризам би помагале во овие институции, како и овозможување на волонтери од градот да помагаат при доставата на разни намирници или лекови во домовите на стари лица. Ние како нова локална самоуправа воедно ќе овозможиме во месните заедници да се отворат катчиња за нашите возрасни сограѓани, изјави Наташа Петровска, кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ и Коалицијата.

Без коментари