Петровска за инфраструктурата стопанството и гасификацијата

0
310

– Клучен проект на локалната самоуправа предводена од СДСМ и коалицијата ќе биде гасификацијата и тоа од два аспекти. Првиот секако е еколошкиот момент. Имено, со употребата на гасот како алтернативно гориво за затоплување на институциите и домовите на нашите сограѓани, значително ќе се намали загадувањето на амбиенталниот воздух. Конечно ќе исчезнат зимските смогови во нашиот град. Вториот аспект е економскиот бенефит и заштедата која корисниците веднаш ќе ја почуствуваат. Токму затоа денес се наоѓаме пред ОУ „Елпида Караманди“ кое на крајот на 2016-та година имаше 7 милиони долг и блокирана сметка. Со гасификацијата уште во првата фаза ќе им овозможиме на училиштата да остварат финансиски заштеди за греење и со тоа ќе им помогнеме да ги санираат своите енормни долгови. Самиот процес на изградба на гасоводната и дистрибутивна градска мрежа ќе се одвива на следниов начин:
изработка на физибилити студија и проектна документација
формирање на јавно претпријатие за енергетски дејности
изработка на гасоводни линии, мерно-регулаторни станици и преадаптација на котларниците за затоплување
дистрибуција на природниот гас од гасоводниот систем воспоставен од Р.Македонија или преку така наречениот виртуелен гасовод
финансирањето на проектот ќе се обезбеди со средства од општината,Р.Македонија и ИПА фондовите.
На 15-ти Октомври сите масовно да излеземе да гласаме заокружувајќи го бројот 19 и да го донесеме економскиот бенефит и заштитата на животната средина во нашиот гради, изјави Наташа Петровска кандидат за градоначалник

-Сите го имаат истиот проблем, тоа е лошата инфраструктура, за која била задолжена општината да ја решава во изминатиов период како би ги подобрила условите за нивна работа и би отворила шанса и перспектива за нашите сограѓани. Се наоѓаме кај т.н индустриски пат чие решавање не е значајно само за стопанствениците или за нашиот економски бенефит и отварање перспектива за вработување на нашите граѓани туку е од значање затоа што овозможува голем дел од транспортни возила кои што влегуваат во централното градско подрачје да имаат можност да го користат овој пат и на тој начин да се растерети сообрајќајот во нашето централно градско подрачје , изјави Наташа Петровска кандидат за градоначалник