Пецаковски и Еурофарм Работник ја продолжија „љубовта“ на уште една година

0
694

Еурофарм Работник го заокружи комплетирањето на играчкиот кадар со продолжувањето на договорот на Дејан Пецаковски. Битолчанецот доби нов едногодишен договор и целосно заздравен ќе го предводи својот тим во Европа.

Пецаковски сериозно го повреди коленото во август минатата година на струшкиот турнир, па мораше да биде опериран и се врати на ракометните терени дури во пролетните месеци. Сепак, и тоа како беше од корист во тимот на Андон Бошковски во пласманот во финалето на Купот на Македонија и излегувањето во Европа, во Челинџ Купот.

Од денес Еурофарм Работник се сели во Маврово каде ќе ја реализира втората фаза на подготовки со целиот ростер, вклучувајќи ги и засилувањата Ојлески, Чампар и Ковачевиќ.