Петта јубилејна изложба Со љубов од Битола

0
296

Центарот за Европски развој и интеграција почнувајќи од 2013 година во рамките на Битолското културно лето „Бит-Фест“ го реализира фото конкурсот и изложбата под наслов СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА.

Фото конкурсот е отворен за сите фотографии без оглед на степенот на нивна професионалност. Темата на фотографиите кои се праќаат  го отсликуваат
европскиот дух на живеење во Битола.

Оваа година по јубилеен петти пат се отвори изложбата, која опфати 34 фотографии од 30 автори. Изложбата беше поставена во кафе бар Porta Jazz.

Од пристигнатите 70 фотографии стручното жири во состав:Тања Димитриевска, Ивона Кочов, членови на Фото кино клуб Битола и Диоген Хаџи Коста Милевски, од ЦЕРИ Битола, селектираше 27 фотографии кои се дел од изложбата.

Првото место и наградата за најдобра фотографија ја освои Дражан Брачиќ,
второ место освои Вера Христовска Умка,  додека третото место и припадна на Мартина Тодоровска. На Дони Петличковски му беше доделена пофалница за најмлад учесник на конкурсот и изложбата.

Како и минатата година така и оваа, изложбата има продажен карактер, а собраните средства ќе бидат наменети за поддршка на проектот ПОЛИТЕА, школа за лидерство и кариерен развој кој ЦЕРИ го реализира почнувајќи од 2014 година.
Изложбата  во Порта џез ќе биде поставена до 20-ти август.