Петта ротација на словачки полицајци во Македонија

0
323

Дваесет и пет припадници на полицијата на Словачка денеска ќе пристигнат во Македонија за да спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, информира Амбасадата на Република Словачка во Скопје.

Петтата ротација на 25-те припадници на словачката полиција е врз основа на Меморандумот за разбирање меѓу министерствата за внатрешни работи на Словачка и Македонија.
Словачките полицајци, како што се наведува во соопштението од Амбасадата на Словачка, ќе спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластеното преминување на државната граница. Словачка полициска единица ќе биде повторно распоредена во областа на Дојранското Езеро.
Словачка досега испрати вкупно 125 полициски службеници во Македонија.

Без коментари

LEAVE A REPLY