Петти ден потрага по исчезнатото девојче во Тетово

0
325

Продолжува потрагата по исчезнатото девојче во невремето од пред пет дена во село Шипковица.Во меѓувреме продолжува расчистувањето и санирањето на теренот со механизација.

Според дирекцијата за заштита и спасување, интензивно се работи во село Порој, каде се претпоставува дека има големи количини нанос.

Се подготвува нова локација за депонирање отпад кај село Доброште.

Во поплавите во тетово загинаа пет луѓе, а се стравува дека под урнатините може да има уште жртви.

Без коментари

LEAVE A REPLY