Петтиот член на привременото тело за медиуми се бара на јавен повик

0
369

Привремената комисијата, односно ад – хок телото што треба да ја следи работата на електронски медиуми и интернет порталите 100 дена пред избори упатува јавен повик до сите заинтересирани да аплицират за членство во ова тело.

Рокот за пријавување е заклучно со недела 21 август, а апликациите се испраќаат на contact@avmu.mk.

Четворицата членови на ова тело предложени од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ Љубомир Костовски, Горан Трпеноски, Цветин Чилиманов и Слаѓана Димишкова  денеска ги добија и одлуките за именување. Тие имаат рок до 23 август да го изберат петиот член на привременото тело. Иако според договорот петиот член, треба да биде Албанец, во упатениот повик не се наведува овој услов.

Ад хок телото требаше да биде формирано до 19 август, но поради тоа што измените на Изборниот законик и Законот за медиуми беа објавени во службен весник со задоцнување од четири дена, за толку дена се пролонгира и неговото формирање.