Пијан северноирски навивач загина во Ница

0
491

Европското фудбалско првенство во Франција ја однесе првата жртва, откако загина навивач на Северна Ирска кој пристигнал во Ница на натпреварот на неговата репрезентација против Полска кој се одигра во неделата.

Момчето, на 24-годишна возраст, паднало од височина од седум/осум метри, од скеле за бродови, соопшти полицијата во Ница. Навивачот бил под дејство на алкохол и се превртел преку оградата по што при падот со главата удрил во карпите на плажата.

Полицискиот извештај ги демантираше некои претходни медиумски шпекулации дека смртта на навивачот е поврзана со безредијата пред натпреварот меѓу Северна Ирска и Полска.

Пред натпреварот во Ница се случија масовни тепачки меѓу полските, локалните и северноирските навивачи, во кои имаше седум повредени. Според локалните медиуми, околу триесетина локални навивачи нападнале гости од Северна Ирска, гаѓајќи ги со шишиња, на што вторите одговориле со иста мерка.