Пијан славеј-најновиот албум на Фолтин

0
308

Националната установа Центар за култура-Битола, го промовираше најновото музичко издание на Фолтин чиј издавач е токму оваа институција.
На овој начин се продолжува со поддршката на бендовите кои создаваат авторска музика-истакна директорот на Центарот за култура-Димитровски.

Дел од песните во најновиот албум со наслов Пијан славеј се промовирани на мини турнејата која започна во Загреб во рамките на третото издание на манифестацијата Дозволен четврток, некои други помали места од просторите на бивша Југославија а продолжува во Љубљана.Настапите секаде поминуваат одлично а музичката критика Фолтин ги опишува како еден од најатрактивните бендови во регионот .

Foltin_Press_-_1.jpg

Ела си в кревет, Пијан славеј, Облаче, Слободната љубов и уште две други нумери се дел од најновиот албум на Фолтин.
Текстот и музиката се комплетно авторско дело на Фолтин.

Тие се еден од најважните македонски бендови, кои со своите концертни настапи ги освоиле скоро сите светски меридијани, настапиле на најзначајните фестивали и се препознатливи по нивната оригиналност и автентичен музички израз.

Досега ги издале албумите-Оutre mer, Аrchimed, Donkey hot, Lo-le taa-too, Penelope x, заеднички проект со Никола Коџобашија и Гоце Стефковски, и други.

Foltin_Press_-_2.jpg

За новиот албум велат дека има жанровска разноликост но сепак е задржан оној нивни препознатлив музички печат.
Нивниот стил се опишува како страствен, динамичен, полн со изненадувања.
Во долгогодишното постоење направиле музика за повеќе од 20 тина театарски претстави, како и хитот за документарниот филм Кеш и Мери.
Концертната промоција во Битола дополнително ќе биде објавена.

 

 

Неда Маретиќ