Пијани Ирци принудно слетале авион во Белград

0
348

Група од 120 патници, меѓу кои и лица под дејство на алкохол, цели 12 часа го тероризирала екипажот на белградскиот аеродром, како и српската полиција.

Журката на пијаните патници почнала за време на летот на линија Даблин-Измир, при што настанала вистинска драма.

Пилотот на турската компанија „Сан експрес“ бил принуден авионот да го спушти на аеродромот Никола Тесла во Белград.

Во центарот на драмата бил 37 годишен Ирец кој се нафрлал на стјуардесите во авионот, скокал по седиштата на патниците, а потоа правел проблем и со полицијата на аеродромот „Никола Тесла“.

Но, со тоа не завршил инцидентот. Група од 15 патници почнала да ги тероризира сите кои се затекнале во аеродромската зграда. Журката продолжила по ходниците и покрај тоа што полетувањето на авионот кој принудно слетал било закажано за неколку часа подоцна.

За три часа, тие испиле 250 пива во двете аеродромски кафулиња.Толку пива се продавале за една цела дневна смена. Цело време пееле, довикувале, вриштеле.

Најстрашното следело на крај. Една Иркиња од групата на пијаните патници кои биле облечени во пижами, била толку пијана што викала по полицајците и келнерите и им нудела секс.

Пилотот на авионот на крај одбил да ја качи пијаната Иркиња и нејзиниот багаж бил исфрлен од авионот, кој конечно полетал кон Турција.

Без коментари

LEAVE A REPLY