Пијани-претстава за губењето на моралните вредности

0
519

Љубителите на театарската уметност имаа можност да ја проследат најновата премиера во Битолскиот театар со наслов Пијани, а во режија на актерот Марјан Ѓоргиевски.

Претставата по текст на рускиот автор Иван Вирипаев, обработува современа тематика и зборува за изгубените луѓе во денешницата-вели Ѓоргиевски.

Текстот е од 2012 тата година, досега поставуван во Русија и Германија, а сега за прв пат во Битолскиот театар.

-Претставата зборува за губењето на сите морални и етички вредности во современиот свет, за губењето на контактот со најблиските и барањето на она суштинското , кои сме ние, како и за вракањето на основните вредности – вели Марјан, на кого ова му е магистерска претстава, а втора по ред во која се јавува како режисер, првата е со наслов Кокошка.

Во претставата играат-Никола Пројчевски, Валентина Грамосли, Александар Димитровски, Ангела Димитрова, Никола Стефанов, Маја Андоновска Илијевски, Илина Чоревска, Соња Ошавкова, Живко Борисовски.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски,