Пијанистот Иван Трајковски со солистички концерт во Битола

0
394
Пијанистот Иван Трајковски, одржа предновогодишен концерт во битолскиот Завод и музеј.
Пред публиката изведе дела од Бузони, Рахмањинов, Мусоргски.
Иван Трајковски е  студент во трета година на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Марија Ѓошевска.
Добитник е на повеќе први, втори и специјални награди на национални и меѓународни музички натпревари, меѓу кои во 2005 на интернационалниот натпревар по пијано Интерфест, добива втора награда, во 2007, втора на државен натпревар во Битола, во 2008 специјална награда на интернационален натпревар за млади музичари Охридски бисери, во 2010, прва награда на државен натпревар Млади музичари во Скопје, истата година прва награда на меѓународен натпревар Арс Косова во Приштина, во 2012 настапува како солист со македонската Филхармонија и истата година е добитник на диплома на интернационален натпревар во Рим.