Пике го сруши чешкиот бункер

0
439

Фудбалската репрезентација на Шпанија со минимална победа над Чешка (1-0) ја започна одбраната на титулата на ЕУРО 2016. Шпанците до победата стигнаа со голот на Пике постигнат во финишот на натпреварот.

Шпанците според очекувањата го контролираа поседот на топката, создадоа повеќе шанси за гол, но Нолито, Мората, Давид Силва и Адурц не успеаја да го совладаат Чех.

Свои шанси имаа и Чесите, кои не се уплашија од фаворитот, но Де Хеа го одбрани ударите на Нецид во финишот на првиот дел и Дарида во 92.минута.

Единствениот гол го постигна дефанзивецот на Барселона, Пике во 87.минута кога по центаршутот на Иниеста од непосредна близина со глава го совлада Чех.

Во понеделникот во оваа група Хрватска со 1-0 ја победи Турција. Второто коло во Д групата ќе се одигра в петок, а на програмата се дуелите Шпанија-Турција и Хрватска-Чешка.