Пиратите од Карибите ги дочекаа посетителите во 3Д киното во Битола

0
1118

Светската премиера на продолжението на еден од најголемите хитови последната деценија, Пирати од Карибите: Одмаздата на Салазар, предизвика голема заинтересираност на посетителите во 3Д киното во Битола.
Вљубениците во филмската уметност беа дочекани со екипата на 3Д киното маскирани во костимите од филмот, а посетителите ја проследија приказната за
капетанот Џек Спероу кој го бара легендарниот трозабец на Посејдон.
Тој открива дека лошите ветрови дуваат посилно кога духовите на мртвите пирати, предводени од неговиот стар непријател Капетан Салзар, ќе избега од Ѓаволскиот триаголник и одлучува да ги убие сите пирати на море, вклучувајќи го и него. Единствената надеж за преживување на капетан Џек е да го пронајде легендарниот трозабец на Посејдон, моќен артефакт кој дава контрола врз морето на оној што го поседува.

Филмот е во режија на Јоаким Ронинг и Еспен Сандберг, а улогите ги толуваат Џони Дип, Џефри Раш, Хавиер Бардем, Кјара Најтли и Орландо Блум.

Битолското 3Д – кино кое е членка на Европската кино – мрежа веќе десет години, на голема врата влегува во светското филмско семејство преку Магазинот на европската филмска мрежа.
Мајскиот број на ова најугледно списание на седмата уметност е посветено на Канскиот филмски фестивал, а свое место и промоција во него си најде и Битолското 3Д – кино.

Во последните четири години, Битолското 3Д – кино успеа во целост да ги анимира филмофилите и да овозможи посетеност од 170.000 гледачи и годишна продукција на 600 филмски проекции со над сто наслови.