Пирова победа на Баерн Минхен, Барселона е во финалето!

0
154

Баерн Минхен успеа да ја победи Барселона, но не и да ја анулира големата негатива од првиот натпревар, каталонскиот клуб ќе се бори за шапионскиот пехар.
Баерн Минхен не успеа да направи нова магија и да ја анулира негативата од 3-0 по натпреварот на Камп Ноу, Барселона ќе игра во финалето од Лигата на шампионите.

Баварците започнаа силно, уште во 7. минута Бенатиа погоди со глава за водство од 1-0, порасна оптимизмот кај Баерн Минхен и се чинеше дека предноста е достижна.

Но, тимот на Пеп Гвардиола брзо беше оладен, по една акција Меси-Суарез, Нејмар, Бразилецот изедначи на 1-1, а потоа погоди и за комплетен пресврт и за водство од 2-1.

И покрај негативата, Баерн Минхен играше германски, до крај, со головите на Левандовски и Милер успеа да дојде до победа, која на крајот се покажа како пирова.

Барселона утре ќе го чека противникот во финалето, Реал Мадрид ќе брка негатива од 2-1 против Јувентус.