Писмен допис со датум за одржување на јавната трибина не добиле

0
576

По вчерашната јавна дебната за каменоломот кај Битола, денеска со реакција се огласија од општина Битола, потпишана од Љубо Атанасовски советник за животна средина.
„ Во врска со прес конференцијата на Здружението „За нас се работи“ што се одржа на 19.07.2016год, а се однесува за концесијата за каменоломот  во месноста „Билбил Камен“ во околината на Битола, во интерес на јавното и објективно информирање сакам да ја дадам следната изјава.
Здружението  „За нас се работи“  до општина Битола достави барање за слободен пристап за информации од јавен карактер за тоа дали концесионерот –оператор на каменоломот „Стентон градба“ има поднесено барање за Б-интегрирана еколошка дозвола.
Поднесеното барањето беше проследено до Одделението за урбанистичко планирање и заштита на животната средина, одговорно за издавање на Б- интегрирани еколошки дозволи, од каде со писмен одговор му беа доставени потребните информации односно дека Дооел„Стентон“ има поднесено барање за добивање на Б-интегрирана еколошка дозвола и дека во моментот  се анализира и  разгледува целокупната доставена документација.
На ден 04.07. 2016год Здружението „За нас се работи“ достави покана  до општина Битола за учество на јавната дебата во врска со работата на каменоломот „Билбил камен“ во која немаше определен термин за одржување на јавната трибина.
Општина Битола никогаш нити потврдила ниту одбила присуство заради тоа што не беше определен конкретниот датум на одржување на јавната трибина односно дека за одржување на истата ќе бидеме контактирани. Таков писмен допис со датум за одржување на јавната трибина не добивме.
Изјавата на членот на Здружението Душко Груевски, дека сум изјавил дека ми е забрането да учествувам, не е вистина и претставува повреда на мојата личност, повреда на угледот на статусот на државните службеници, со што се доведува во прашање одговорноста за давање на лажни изјави. А сето ова е вообичаено за нив бидејќи не им е прв пат да изнесуваат невистини во однос на општината“ стои во писмената реакција.