Писмо на Виножито до Ципрас

0
284

Партијата на Македонците во Грција Виножито по вторпат годинава му ја честитаат победата на изборите на старо/новиот премиер Алексис Ципрас и уште еднаш изразуваат надеж дека наскоро ќе се отвори процесот за суштински дијалог за македонското етничко малцинство во Грција, како и за проблемот со Македонците – политички бегалци од Граѓанската војна.

Еве го писмото во целост:

„Господине Ципрас,

Партијата Виножито, инаку членка на Европската слободна алијанса ви ја честита победата на вашата партија на изборите и ви посакува многу успех и среќа во работата.

Како и во претходното писмо од јануари, и овојпат нагласуваме дека дел од вашиот интерес треба да бидат и проблемите на македонското национално малцинство во Грција, како и прашањето на македонските политички бегалци од Граѓанската војна.

Нашата партија, од нејзиното основање никогаш не престана да се бори и да бара признавање на основните човекови права и еднаков третман на етничките Македонци во согласност со сите меѓународни и европски стандарди.

Ние никогаш не смееме да заборавиме дека во нашата земја постојат многу националности, култури, јазици и култури, различни, а сепак исти, со еднакви обврски како граѓани, но за жал не со исти права.

Се надеваме дека наскоро ќе бидеме во можност да го почнеме овој значаен дијалог.

Искрено,

Партијата на етничките Македонци Виножито“.

Писмото е објавено во весникот на Македонците во Грција „Нова зора„.

www.mkd.mk