Пивковски очекува да биде почитуван, како што тој ги почитува институциите

0
584

Во своето новогодишно обраќање пред жителите на општина Могила, градоначалникот Стево Пивковски рече дека е разочаран од тоа што тој и неговата општина не биле почитувани како институции од страна на државните органи. Во изминатите речиси две години тој како независен градоначалник имал почит кон институциите како што се претседател на владата, претседател на собранието, преседател на државата, но не било возвратено на ист начин.