Пивковски повторно ќе ја бара поддршката од жителите на Могила

0
1766

-Повторно направив кандидатура за градоначалник. Новина е тоа што ќе воведам листа на советници кои што ќе ми ја дадат потребната поддршка. Не дека ја немав во изминатите 4 години, но сепак се одлучив да направам и советничка листа, за се она што ќе го зацртаме како програма да биде 100% реализирано. Денеска ќе ја поднесам независната кандидатура за градоначалник на општина Могила, со каја што ќе ја барам поддршката од жителите на општина Могила, рече Стево Пивковски, градоначалник на општина Могила.