Пјонгјанг лансираше интерконтинентална ракета

0
288

САД потврдија дека Северна Кореја во вторникот лансирала интерконтинентална балистичка ракета. Лансирањето на ракетата Хвасонг 14 беше извршено на американскиот државен празник, Ден на независноста, а било надгледувано од лидерот Ким Џонг-ун, кој, како што пренесе севернокорејската агенција КЦНА, рекол дека тоа е подарок „за лошите Американци“.

Првично американската армија соопшти дека станува збор за ракета со среден дострел, но подоцна властите потврдиле дека било извршено тестирање на интерконтинентална балистичка ракета.

Шефот на американската дипломатија, Рекс Тилерсон, рекол дека ваквото тестирање претставува нова закана за САД, нејзините сојузници, регионот и целиот свет.