ПЈРМ конечно ја надмина кризата, со Заев ќе разговарам за итните реформски приоритети

0
474

Првите чекори кои треба да ги преземе новата Влада се итните реформски приоритети кои се клучни за земјата да добие позитивна препорака од ЕУ, изјави еврокомесарот за добрососедска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан денеска пред средба со премиерот, Зоран Заев во Брисел.

Хан смета дека земјата конечно ја надминала политичката криза и дека токму главна тема во разговорите со Заев ќе бидат итните реформски приоритети.

„ПЈРМ конечно, со продолжена поддршка на ЕУ, ја надмина политичката криза преку фер избори и формација на нова Влада и сега се надеваме дека ќе се вратат на дневно-политичката рутина. Денеска со премиерот Заев ќе разговарам за имплементација на Итните реформски приоритети“ – рече Хан.

Заев пред средбата со Хан разговараше и со претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседателка на ЕК, Федерика Могерини, како и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Делегација на новата македонска Влада, е предводена од премиерот Заев, а во делегацијата се и вицепремиерите Бујар Османи и Радмила Шекеринска, како и министерот за надворешни работи,  Никола Димитров.