Плачеше по своите родители

0
271

Драматичните сцени од мигрантите во Гевгелија кои се тепаат за да се изборат за место во возот кој оди за Србија, ја шокирале јавноста, а драмата низ која минало едно дете била забележана и од камерите.

Мигранти се степаа во петокот на железничката станица во Гевгелија откако настанал хаос, кој да влезе во преполниот воз којшто сообраќал на линија Гевгелија – Табановце.

По доцнењето на возот којшто требало да тргне во 10 часот, илјадници мигранти се бореле за место во возот, при што неколку лица се повредени.

Најбрзите и најсилните со удирање и закани со стапови и ножеви успеале да влезат и да го продолжат патот кон Србија, а потоа кон западна Европа.

Во мешаницата е скршен и еден прозорец на возот. Билетот од грчко-македонската граница до Табановце чини 600 денари.