Плаќање даноци со картичка

0
371

Граѓаните ќе можат да плаќаат даноци со новата електронска услуга на УЈП „е-Плаќање на даноци“ . Се овозможува секој граѓанин да врши он-лајн плаќање на Персонален данок, ДДВ и Радиодифузна такса со безготовинска картичка Visa, Maestro или MasterCard (издадена од домашна банка). Регистрацијата на „е-Плаќање на даноци“ е бесплатна, не е потребен дигитален сертификат, единствено што е потребно е граѓанинот да креира кориснички профил на електронскиот сервис „е-Плаќање на даноци“ https://etax.ujp.gov.mk . Од УЈП велат дека услугата „е-Плаќање на даноци“ овозможува да се заштеди време, да се избегнат каматите за задоцнето плаќање, и како даночен обврзник (физичко лице) да се врши он-лајн преглед и плаќање на даночните долгови за Персонален данок, ДДВ и Радиодифузна такса. Новата услуга за интернет плаќање на даноци е автоматски овозможена за 23 328 даночни обврзници – физички лица кои се веќе регистрирани корисници на електронските сервиси на УЈП со или без дигитален сертификат.