Планетата Земја се загрева 140 отсто побрзо од очекуваното

0
741

Планетата Земја се загрева 140 отсто побрзо отколку што беше очекувано, покажуваат најновите климатски студии објавени во списанието Климатски журнал.

Новите податоци од системот за обработка на податoци од НАСА (Remote Sensing Sistems) покажуваат дека пониските слоеви на атмосферата од 1998 година до денес се загреале многу побрзо отколку што е резултатот во претходни истражувања.

Друга студија покажува дека трендовите на загревање на Земјата наскоро може многу да се забрзаат.

Новите мерења покажуваат дека Земјата се загрева во две различни брзини. Голем дел од јужната хемисфера покриен е со Тихиот и Антарктичкиот или Јужниот Океан, кои се релативно постудени од остатокот во светот и тој дел побавно се загрева. Истовремено, Арктикот и копнените краеви на северната полутопка се загреваат побрзо.

Климатските експерти предупредуваат дека југот со тек на време сепак ќе се загрее, а тогаш глобалното загревање на атмосферата на Земјата ќе се забрза. Овогодишниот јули е со високи температури во поголем дел од светот. Во САД и во Иран речиси секојдневно паѓаат температурните рекорди од преку 50 степени Целзиусови.

Без коментари